Од независноста на Северна Македонија во 1991 година, САД ја поддржуваземјата да:
Стане просперитетна, стабилна и инклузивна демократија во чија иднина се цврсто втемелени принципите на евро-атлантските институции
Според Стратегијата за соработка за развој на Северна Македонија во периодот 2020-2025 година, Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) е целосно посветена да продолжи со поддршката на земјата за постигнување на оваа цел како нов сојузник во НАТО.
Нашата нова стратегија ги истакнува процесите водени од земјата, лидерството и инвестициите. УСАИД ќе соработува со локалните институции и други чинители кои ќе ја водат и финансираат самоодржливоста и благосостојбата на земјата
Преку оваа стратегија, ние исто така имаме за цел да го смениме досегашниот моделна соработка (релација донатор-примател) кон нови партнерски – релации што вклучуваат ко-инвестиции на УСАИД заедно со домашните ресурси за да се зацврсти развојот на земјата со сопствени сили. Улогата на УСАИД ќе биде катализатор на овие партнерстваводени од приватниот сектор, владата и граѓанското општество во земјата.
Бидејќи стратешките цели на САД за оваа земја се усогласуваат со целите на граѓаните и владата, во рамките на оваа нова стратегија УСАИД ќе има клучна улога во решавањето на следниве национални приоритети *:
Поголем економски раст преку подобрена конкурентност
Поддршка на растот на продуктивноста, намалување на пречките за проширување кон евро-атлантските пазари и унапредување на енергетската безбедност.
Зголемен ангажман на младите намалување на невработеноста и нееднаквоста
Поттикнување на економски можности привлечни за младите, зајакнување на нивните работни способности и поддршка на младите да преземат активна улога во развојот на земјата.
Намалување на корупцијата, која што ја уништува вербата во јавните институции и културата на отчетност - Поддршка на зголемување на отчетност на владините институции и зголемување на учеството на граѓаните во активности насочени кон борба против корупцијата.
*УСАИД ќе продолжи да го следи развојот на КОВИД-19 за да може да направи соодветни прилагодувањата на стратегијата за да може да ја подобри спремноста за соодветен одговор и ублажување на последиците од пандемијата.