Јазик

Скопје, Северна Македонија: 15 ноември 2023 година – Директорка на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) за Европа и Евроазија, амбасадорката Ерин Елизабет МекКи, пристигна во земјава на 13 ноември по посетата во Атина каде потпиша Меморандум за разбирање со Владата на Грција за спојување на енергетскиот пазар на Југоисточна Европа. Оваа иницијатива ќе ја унапреди соработката помеѓу институциите за енергетика во Грција, Албанија, Северна Македонија и Косово за интегрирање на пазарите на електрична енергија како и да создадат поповрзан и енергетски безбеден регион.

Целта на посета на Амбасадорката МекКи на регионот вклучуваше промоција на Енергетскиот мост на УСАИД, значајна иницијатива насочена кон зајакнување на европската енергетска безбедност преку поврзување на партнерите во регионот со американските инвеститори, технологија и експертиза. Дополнително, таа беше информирана за клучните прашања во Северна Македонија поврзани со пристапувањето кон ЕУ. Дипломатските ангажмани на амбасадорката МекКи се однесуваа на клучните компоненти на стратешката рамка на УСАИД за Европа и Евроазија за зајакнување на основите на слободата, која опфаќа критични области како што се енергетската безбедност, сајбер-безбедноста, економската интеграција и антикорупциските мерки.

Помошта и партнерството на УСАИД со Северна Македонија во последните триесет години придонесоа за значителни развојни придобивки. Патот кон евроатлантските интеграции бара политичка волја; силни владејачки институции, втемелени во трајни врски со граѓаните, охрабрувајќи ги земјите-партнери да го одржат нивниот развоен пат. САД ги поддржуваат народот и владата на Северна Македонија на овој пат кон продлабочување и одржување на процесот за демократска преродба.

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 840 милиони долари во Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој.